• среда, 25 декември 2024

Култот на Свети Наум во Албанија

Култот на Свети Наум во Албанија

Дебар, 18 декември 2023 (МИА) - Култот на Свети Наум се проширил во Албанија, каде му се посветени многу икони и фрески, објави весникот „Македониум".

Според Андре Лукани во Музејот на средновековна уметност во Корча се наоѓа икона на Свети Наум, насликана од иконографот Никола Гуга во 1759 година.

Фрески на Свети Наум има на јужните страни на црквите „Св. Aтанас” и „Св. Никола” во Москополе, како и во црквата „Свети Михаил" во Москополе.

Икона на Свети Наум се наоѓа во црквата Свети Ѓорѓија во селото Шипска. Во црквата на „Св. Кузман и Дамјан” во Виткуќ во Корча, има фреска на Свети Наум каде се појавува заедно со Никодин Виткуќари.

Свети Наум е дел од култот на седумте словенски светители, кои се насликани во многу цркви во Албанија. Најстарата фреска која го прикажува култот на седумте светци „Οι άγιοι Επτάριθμοι“ е во манастирот Свети Наум. Фреската датира од 1806 година и е насликана од Терпо Зограф.

Икона на седумте светци се наоѓа во музејот Онуфри во градот Берат,  насликана во 1812 година од Јоан Четири. Во манастирот Арденица, Фиер има фреска на седумте словенски светители со димензии 1.5 x 2 м. насликана од Костандин и Атанас Зограф во 1744 година.

Други фрески со седумте словенски светители може да се најдат во црквите Либофша и Ванај во Музеќе. Една фреска е во манастирот „Св. Петар и Павле” во Виткуќ, која датира од 1764 година. вт/свс/


Фото: Македониум

Остани поврзан