• среда, 25 декември 2024

Кулемзин: Три деца загинаа во украински напад врз Доњецк

Кулемзин: Три деца загинаа во украински напад врз Доњецк

Москва, 15 март 2024 (МИА) - Три деца загинаа во напад врз Доњецк, град во источна Украина што е под контрола на руските сили, изјави денеска градоначалникот Алексеј Кулемзин.

„По варварскиот ноќен напад на ’украинските нацисти’ во населбата Петровски од нашиот град, една куќа беше гаѓана и запалена. Убиени се три деца“, напиша Кулемзин на Телеграм.

Нападот се случи на денот кога почнуваат претседателските избори во Русија, кои ќе траат до недела. Победата на актуелниот претседател Владимир Путин се очекува поради отсуството на опозицијата.

Гласањето се одржува и во четири украински региони припоени од Русија во 2022 година и делумно контролирани - Запорожје, Херсон, Доњецк и Луганск.

Украинската дипломатија, меѓутоа, вчера повика на отфрлање на резултатите од гласањето, кое го опишува како „фарса“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан