• четврток, 26 декември 2024

Кулеба: Ставот на Меркел за приемот на Украина во НАТО, една од причините што доведоа до денешниот конфликт

Кулеба: Ставот на Меркел за приемот на Украина во НАТО, една од причините што доведоа до денешниот конфликт

Киев, 1 јули 2023 (МИА) - Ставот на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за приемот на Украина во НАТО, за која таа се залагаше пред 15 години, е една од причините што доведоа до денешниот конфликт, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба.

Според него, не треба да се повтори „грешката што ја направи Меркел во Букурешт во 2008 година.

-Не ја повторувајте грешката што ја направи канцеларката Меркел во Букурешт во 2008 година, кога таа решително излезе против каков било напредок на Украина кон членство во НАТО, нагласи Кулеба. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан