• среда, 25 декември 2024

Кулеба: Резервните дизел-генератори во нуклеарната централа Чернобил имаат капацитет од 48 часа

Кулеба: Резервните дизел-генератори во нуклеарната централа Чернобил имаат капацитет од 48 часа
Киев, 9 март 2022 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи повика на прекин на огнот за да се овозможи извршување поправки за да се врати снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил. Државниот електроенергетски оператор на Украина претходно соопшти дека руските сили ја исклучиле нуклеарната централа од мрежата. „Енергоатом“, украинската државна нуклеарна компанија, предупреди дека ситуацијата може да предзвика ослободување радиоактивни материи од централата. Тој предупреди во објава на Телеграм: „Ветерот може да го пренесе радиоактивниот облак во други региони на Украина, Белорусија, Русија и Европа“. Ако ситуацијата продолжи, „сиот персонал таму ќе добие опасна доза зрачење“, продолжи. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека резервните дизел-генератори во нуклеарната централа Чернобил имаат капацитет од 48 часа. После тоа, системите за ладење на складиштето за потрошено нуклеарно гориво ќе престанат, со што ќе дојде до истекување на радијација. аа/

Остани поврзан