• среда, 27 ноември 2024

Кулеба од Блинкен побара САД да испратат во Украина ракети со долг досег АТАКМС

Кулеба од Блинкен побара САД да испратат во Украина ракети со долг досег АТАКМС

Киев, 7 август 2023 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија,  Дмитро Кулеба, денеска за време на телефонскиот разговор со својот американски колега, државниот секретар Ентони Блинкен, соопшти дека од САД побарал во Украина да бидат испорачани ракетите со долг досег АТАКМС. 

„Секретарот Блинкен и јас разговаравме за натамошните чекори за проширување на глобалната поддршка на Формулата за мир и решенијата за проширување на извозот на жито“, напиша Кулеба на социјалната мрежа Х. 

Кулева додаде дека им се заблагодарил на САД за укажаната помош. 

„Нагласив дека е неопходно да се подобрат капацитетите на Украина кога станува збор за ракетите со долг дострел, преку обезбедување на ракетите од типот ATACMS“, додаде Кулеба.

Претходно, Стејт департментот соопшти дека двајцата дипломати разговарале за контраофанзивните напори на Украина, за состанокот одржан во саудискиот град Џеда за постигнување траен мир и долгорочните безбедносни аранжмани меѓу двете земји. 

„Секретарот ја повтори цврстата поддршка на САД за одбраната на Украина од руската агресија и ја потврди континуираната поддршка за силната украинска војска и одбранбените институции“, се додава во соопштението на американскиот Стејт департмент. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан