• среда, 25 декември 2024

Кулеба: На Украина итно и треба повеќе опрема за ПВО, особено ракети Патриот

Кулеба: На Украина итно и треба повеќе опрема за ПВО, особено ракети Патриот

Киев, 25 март 2024 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, по денешниот руски ракетен напад врз Киев  побара на неговата земја да и се обезбеди дополнителна опрема за противвоздушна одбрана.

„Децата во Киев трчаат за да се засолнат во 10:30 часот кога противвоздушната одбрана соборува смртоносни руски балистички ракети над главниот град. Нема злосторства што рускиот џган не би го извршил, вклучително и обидот да го со балистичка ракета да го погодат срцето на повеќемилионскиот град“, напиша Кулеба на платформата Х.

Тој истакна дека денешното гранатирање е потсетник дека на Украина итно и е потребна зајакната противвоздушна одбрана, особено системи и ракети Патриот, способни да одбијат секој руски напад.

Во Киев утрово одекнаа неколку експлозии.

Командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешук, соопшти дека се уништени две балистички ракети што руските сили ги истрелаа врз Киев од привремено окупираниот Крим. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан