• сабота, 23 ноември 2024

Кулеба: На Русија не може да ѝ се верува

Кулеба: На Русија не може да ѝ се верува
Киев, 22 јули 2022 (МИА) - Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, по потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито, истакна дека на Русија не може да ѝ се верува. - Имаме доверба во ОН како иницијатор на овој Договор и во институцијата и во нивниот генерален секретар, кој ја вложува својата репутација и способност да обезбеди функционирање на овој Договор и неговото почитување од страна на Русија, која прекрши голем број други договори, истакна Кулеба. За време на церемонијата на потпишување во Истанбул рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков не седеа на иста маса. Шојгу и Кубраков потпишаа два идентични документа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, на барање на Украина, која одби да парафира каков било документ со Русија. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. - Украина не и верува на Русија. Мислам дека никој нема причина да и верува на Русија, наведе Кулеба. ми/

Остани поврзан