• среда, 18 декември 2024

Кулеба: Киев не се откажува од барањето руската армија да се повлече од Крим како услов за завршување на војната

Кулеба: Киев не се откажува од барањето руската армија да се повлече од Крим како услов за завршување на војната
Киев, 13 април 2023 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска најави дека Киев нема да се откаже од барањето Русија да ги повлече своите војници од Крим и деловите што неодамна незаконски ги анектираше како услов за завршување на војната.

Кулеба ја нарече војната во Украина „крвава рана среде Европа“ и рече дека сите делови од неговата земја треба да се третираат како да се под рамноправна управа на Киев.

„Ние бевме обединети со принципот на повелбата на Обединетите нации и заедничкото верување дека Крим е Украина и дека ќе биде вратен под контрола на Украина“, рече Кулеба во видео обраќање до учесниците на конференцијата за безбедност Црното Море, што се одржува во Букурешт.

Кулеба изјави дека Украина категорично не се согласува со тврдењата дека Крим не треба да и се врати на Украина.

Русија го анектира украинскиот полуостров Крим на 18 март 2014 година, по референдумот кој не беше признат од Киев и меѓународната заедница.

Кремљ сака Киев да ја признае руската администрација на Крим и анексијата на украинските региони Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје.

Украина ги отфрли овие барања и не сака да преговара со Москва додека руските војници не се повлечат од сите окупирани територии. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан