• среда, 25 декември 2024

Кулеба бара Кина да влијае на Русија за запирање на војната

Кулеба бара Кина да влијае на Русија за запирање на војната
Пекинг, 1 март 2022 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји разговараше со својот украински колега Дмитро Кулеба во вторникот и повика на решавање на кризата преку преговори, соопштија кинеските државни медиуми, додека Пекинг чекори по тешка дипломатска линија за инвазијата на нејзиниот близок сојузник Москва. Украинскиот МНР Кулеба побарал од кинескиот колега Ји да ги „искорсити врските на Пекинг со Москва за запирање на воената интервенција на Русија во Украина“. Министерот за надворешни работи на Кина Ји му рече на Кулеба дека Пекинг „длабоко жали што избувна конфликтот меѓу Украина и Русија и посветува екстремно внимание на штетата што ја претрпуваат цивилите“, објави државната телевизија CCTV. аа/

Остани поврзан