• среда, 25 декември 2024

Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало

Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен репрезентативец и член на германски Вецлар, Филип Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало.

 

Информацијата за сериозноста на повредата на Кузмановски, денес стигна од неговиот клуб.

 

Не е познато колку време ќе биде потребно за санирање на повредата и рехабилитација на македонскиот бек, но сигурно тој неколку месеци ќе биде надвор од терените.

 

Кузмановски повредата ја доби во неделата на натпреварот со Турција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан