• четврток, 26 декември 2024

Кузеска: Членство во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ носат придобивки за граѓаните и државата

Кузеска: Членство во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ носат придобивки за граѓаните и државата

Скопје, 15 април 2023

Државничките, визионерски одлуки на СДСМ носат придобивки за граѓаните и државата. 

Благодарение на таквите полиитки, денес ние сме земја членка на НАТО и по 17 години чекање, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ. 

Со тоа, ја обезбедивме стабилноста и сигурноста, но и европската иднина на државата. 

Денес, Македонија е препознаена како слободна, демократска држава партнер на западниот демократски свет. 

Тоа позитивно влијае и врз македонската економија и животниот стандард. 

Минатата 2022 година, најкризната година во Европа во последните децении, ја завршивме со рекорден износ на странски директни инвестиции од речиси 740 милиони евра. 

Тоа е директна придобивка од забзувањето на евроинтегративниот прцес но и доказ дека македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна, привлечна за странските инвеститори. 

Поволната деловна клима во државата придонесе платите да растат, па така една и пол година пред предвиденото успеавме да го реализираме ветувањето за минимална плата од 20.000 и просечна плата од 34.000 денари. 

За споредба, во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше заробена и изолирана минималната плата едвај достигаше 9.000 денари, а просечната плата беше околу 20.000 денари. 

Колку е важно што сега сме на европскиот пат говори и податокот за неповратна и друг вид на финансиска поддршка од страна на ЕУ за инвестиции во енергетиката, во време на светска енергетска криза. 

Дополнително, ние сме земја лидер во регионот по искоритеност на средствата од ИПАРД 2 програмата и се подготвуваме за почетокот на новата ИПАРД 3 програма, каде имаме 62% зголемување на неповратните европски средства, односно нови 97 милиони евра кои стојат на располагање на нашите земјоделци. 

Ова се само дел од придобивките од нашето членство во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ. 

Затоа, како одговорна политичка партија продолжуваме со реализација на потребните реформи кои се важни за продолжување на евроинтегративниот процес со крајна цел - полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, текст од прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

____________________________________________________________________МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан