• среда, 25 декември 2024

Кузеска: Скопје и скопјани не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска

Кузеска: Скопје и скопјани не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска
Скопје, 16 декември 2022
 
Кавгите за тендери и раце во медот меѓу Мицкоски и Арсовска на површина извадија страшни и скандалозни закани и навреди.„Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици“ и „Ќе го бришеме подот со тебе“ вака според Арсовска, се заканувал шпицниот градоначалник Мицкоски.„Арсовска да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност“, врати ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на Арсовска.Наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво.Ова, почитувани е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместено ниту еден милиметар од насилничката матрица која 11 години ги тероризираше граѓаните и државата.Ако Мицкоски сега како шеф на опозициска партија се заканува на актуелен градоначалник, може да замислиме како тој ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт.Ете што ги чека граѓаните со Мицкоски. Закани, насилство, навреди, влечење по улици, ништо добро.И додека Арсовска и Мицкоски меѓусебно се обвинуваат, се закануваат и се клеветат, СДСМ е таа која ги решава проблемите на скопјани.Парното во Скопје веќе го презема Владата на премиерот Ковачевски.Благодарение на одговорниот пристап на премиерот Димитар Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и не се веќе на грбот на скопјани. Дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение.Граѓаните само во премиерот Ковачевски гледаат сериозен партнер и човек кој се грижи за нив.Граѓаните, Скопје и скопјани не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска.
 
 
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

2022-12-16 13:12:31, од Даниела Маркоска-Алексовска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан