• понеделник, 29 јули 2024

Кузеска: Преку „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници

Кузеска: Преку „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници

Скопје, 2 јули 2023

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ

СДСМ како одговорна, државотворна партија, постојано е меѓу граѓаните, таму каде што и е местото.

Во изминатите три месеци, преку активноста „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници.

Со над 100 тимови, секој ден бевме меѓу граѓаните, со цел да го чуеме нивниот глас, да ни ги пренесат нивните ставови, барања и потреби.

Наидовме на одличен прием, граѓаните ни ги пренесоа нивните ставови, дел од нив имаа и конструктивни критики и забелешки кои ние со внимание ги забележавме.

По сите овие забелешки, предлози, но и добронамерни критики ќе постапиме одговорно, истите ќе ги анализираме и систематизираме и за сите нив ќе се обидеме да најдеме решенија, кои ќе влезат во следната предизборна програма.

Им благодариме за нивниот придонес, нивните барање и потреби

Така дејствува СДСМ, секогаш со народот, секогаш одговорно, инклузивно и во служба на граѓаните и државата.

Нашите активности ќе продолжат и во следниот период и преку теренски посети, но и преку организирање тематски трибини и средби со целни групи граѓани.

Продолжуваме и со спроведување на системските решенија и реформите што нè водат на европскиот пат, но исто така го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан