• недела, 24 ноември 2024

Кузеска: Од успешниот попис имаме бројни придобивки за економски и развојни политики

Кузеска: Од успешниот попис имаме бројни придобивки за економски и развојни политики
Скопје, 31 март 2022 По речиси 20 години државата спроведе успешен попис согласно светските пракси и стандардите на Евростат. Пописот е поздравен и од Европската комисија и од сите релевантни чинители. Ова е успех на државата, на граѓаните кои учествуваа во најсложената статистичка операција. Бројни, пред се економски и развојни придобивки има од пописот. Владата, институциите, компаниите, добиваат точни, релевантни податоци на кои ќе се базираат идните мерки и политики. Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид на структурата на образованието на населението, по што би можеле да креираме политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот; Со податоците од новиот попис ќе имаме увид во степенот на развиеност на планските региони. Врз основа на овој акт Владата ги распределува буџетските средства за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на развојните разлики меѓу планските региони и меѓу општините. Домашните и странски инвеститори ќе добијат појасна слика за распределбата на квалификувана работна сила со што ќе им се помогне во планирањето на идни инвестиции. Пописот е статистичка операција, важна за државата и идниот развој и не треба да се политизира. Сведочевме на непотребна и неодговорна политизација на самиот старт и повици за бојкот кои не успеаја. Граѓаните масовно учествуваа во оваа операција и дадоа придонес за спроведување успешен попис, по европски стандарди. Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните, во интерес на државата. Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ _____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=uS2eayHFegg

Остани поврзан