• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кузеска: Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ОЈО да постапи

Кузеска: Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ОЈО да постапи

Скопје, 12 март 2025

 

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Добро е што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски.

Тоа го поздрауваме.

Сега очекуваме овој скандал, оваа финансиска афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност.

Фактите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите. Иако се обидуваше да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори сепак ги призна тендерите.

Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај, основано сомнение за корупција.

СДСМ денеска изнесува  дополнителни информации кои ќе ѝ помогнат на ДКСК, но и на сите надлежни институции, во целосно расчистување на овој случај.

Денеска ќе објавиме дека сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добвал тендерите во министерсвото на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ.

На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објвувал и слики.

Кличаров го има и по штабовите на ДПМНЕ, по Општинските комитети, со градоначалници, пратеници и други функционери од владејчката партија.

Во своите објави Клинчаров жестоко го брани Мицкоски од, како што самиот вели „бардовите“ на новинарството.

Ова е потврда дека станува збор не само за семејсна туку и за партиска поврзаност, директен линк и со ДПМНЕ.

Ете каде завршуваат парите на граѓаните.

Одговорност мора да има за овој скандал.

Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е на ред завршница на предметот но и вклучвање на Јавното обвинителство – правдата мора да биде задоволена!

Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.

СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот!

 

СДСМ: Скандал, на министерот на Мицкоски му е забранет влез во САД


Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука.

Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори. 

Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.

Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?

Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.

Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат:

Зошто министерот има забрана за влез во САД?

Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити?

Ова не е случај што може да се премолчи.


СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан