• вторник, 24 декември 2024

Кузеска: Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето?

Кузеска: Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето?

Скопје, 12 ноември 2024

Скопје неколку дена по ред е меѓу најзагадените градови во светот. И во други наши градови граѓаните дишат загаден воздух. Последиците се на директна штета на најважното, здравјето на луѓето.

ВМРО-ДПМНЕ кога ја бараше довербата од граѓаните ветуваше активна борба со аерозагадувањето.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите!

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветуваше намалување на загадувањето до 50%.

Каде е сега милијардата којашто ја најавуваше Мицкоски за борба против загадувањето? Каде се мерките за намалување на загадувањето за 50%?

Ова е уште едно разочарување уште едно неисполнето ветување на Мицкоски.

Граѓаните гледаат дека власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо за загадениот воздух.

Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.

Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници.

Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.

Овие мерки придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот и требаше да се засилат и да се унапредат.

Но дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Ниту има мерки, ниту има борба против загадувањето.

Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја.

Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето.

Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како проектот БТР иако е со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре.

ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето.

 

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Фото: СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан