• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кузеска: Власта лиферува имиња за етикетирање и предвремена јавна осуда

Кузеска: Власта лиферува имиња за етикетирање и предвремена јавна осуда

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска обвини дека секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање.

-Последен е скандалот со злоупотребите на вицепремиерот Меџити, со партиските листи за масовните вработувања во јавната администрација, но и куп други скандали, за бегството на Груби, за бегството на Рамадани, за сертификатот на директорот на АНБ, за инцидентот на скопаскиот аеодром, на границата со Косово, за скандалот со генералниот секретар на Владата кој добил на поклон 350 илјади евра, за фирмите на Божиновска...., рече Кузеска. 

Според неа, сите овие аргументи покажуваат дека ова што го прави власта не е борба против криминалот и корупцијата како што се претставува туку алатка за етикетирање, предвремена јавна осуда и политички прогон. 

Кузеска посочува дека секој обид за политизација, политички прогон или предвремена јавна осуда за лицата опфатени во истрагите ги поткопува принципите на правдата и одговорноста и затоа СДСМ јавно ќе се спротивстави на тоа. ев/лв/

ФОТО: СДСМ

 

Остани поврзан