• понеделник, 29 јули 2024

КУД „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце утре ќе организира мултиетнички концерт и саем на традиционална храна и изработки

КУД „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце утре ќе организира мултиетнички концерт и саем на традиционална храна и изработки

Тетово, 15 септември 2023 (МИА) - Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце утре организира мултиетнички целовечерен концерт и саем на традиционална храна и рачни изработки.  Активностите ќе се одржат во спортската сала на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.

- Со оглед на мултикултурниот карактер на концертот пред публиката ќе се претстават културно уметничките друштва со членови од македонска, албанска, ромска и турска етничка заедница. Ќе настапат КУД „Кирил Пејчиновиќ“, КУД „Јехона“, КУД „Џеладин Зеќири“, КУД „Пралипе“. На концертот секое од културно уметничките друштва ќе се претстави со свои кореографии и постановки, информираат од КУД „Кирил Пејчиновиќ.

Саемот почнува во 17 часот,  а концертот од 18 часот. Влезот во спорската сала е бесплатен. ас/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан