• четврток, 26 декември 2024

Кувајтскиот емир поднесе оставка

Кувајтскиот емир поднесе оставка

Каиро, 6 април 2024 (МИА) - Кувајтскиот емир, шеикот Мохамед Сабах ал Салем ал Сабах поднесе оставка како што се очекуваше, објавија денеска кувајтските државни медиуми.

Овој потег доаѓа откако беше избран нов парламент по изборите во четвртокот и, во согласност со процедурата, актуелната извршна власт поднесе оставка пред да се формира новиот парламент, пренесуваат британските медиуми. 

Новиот кувајтски емир шеик Мешал ал Ахмад ал Сабах сега или повторно ќе го именува истиот премиер или нов мандатар кој ќе има задача да формира нова влада. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан