• среда, 25 декември 2024

Куба се приклучи на Јужна Африка во случајот со тужбата за геноцид против Израел

Куба се приклучи на Јужна Африка во случајот со тужбата за геноцид против Израел

Хавана, 22 јуни 2024 (МИА) - Кубанската Влада одлучи да се приклучи на спорот што го покрена Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во врска со наводите за наводен геноцид во Газа, објави Радио Хавана Куба.

„Земајќи ги предвид одредбите од членот 63 од статутот на судот, и во строга примена на своите обврски како држава-членка на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, Куба ќе го искористи своето право како трета земја да го претстави нејзиното толкување на нормите на конвенцијата дека Израел флагрантно ги прекршил со своите незаконски дејствија на окупираната палестинска територија на Појасот Газа“, се вели во соопштението на кубанската Влада.

Главната цел на тужбата поднесена пред главното судско тело на Обединетите нации, се додава, е да се запрат злосторствата врз палестинскиот народ како резултат на несразмерната и неселективна употреба на сила од страна на Израел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан