• среда, 25 декември 2024

Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер

Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер

Хавана, 25 октомври 2024 (МИА) – Куба се приклучи на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на карипската земја, Мигел Дијаз-Канел.

- Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер … Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, поеднаков и одржлив меѓународен поредок, напиша претседателот на Куба на X.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата. јт/

Остани поврзан