• петок, 27 декември 2024

Куба исклучи голем дел од јавното осветлување поради влошената енергетска криза

Куба исклучи голем дел од јавното осветлување поради влошената енергетска криза

Хавана, 6 март 2024 (МИА) - Куба исклучи речиси три четвртини од јавното осветлување за време на шпицот за да се бори против зголемениот недостиг на енергија и растечката економска криза, објавија денеска државните медиуми.

Министерот за енергетика и рударство на Куба, Висенте де ла О Леви, рече дека мерката е една од многуте, која вклучува затворање на бројни владини служби и реорганизација на производството, со цел да се ублажи недостигот на електрична енергија во земјата.

Тој претходно рече дека Куба добила само 46 отсто од планираниот увоз на гориво, што предизвика долги прекини на електричната енергија низ целата земја, со исклучок на главниот град Хавана.

Недостигот на електрична енергија, кој го нарушува секојдневниот живот и економијата, ја пустоши комунистичката земја веќе неколку години, но драстично се влоши во последните месеци поради недостигот на гориво и потребата од одржување на дотраената инфраструктура.

Земјата зависна од увоз се најде во голема економска криза, со пад на БДП од 10 проценти од 2019 година, за што Хавана во голема мера ги обвинува санкциите на САД од времето на Трамп, насочени кон туризмот, медицинските услуги и дознаките од странство.

Недостигот на девизи за увоз на храна, лекови, гориво и други основни потреби годинава се влоши, покажуваат официјалните податоци. паг/

Фото: МИА архива

 


 
 
 

 

 
 

Остани поврзан