• вторник, 19 ноември 2024

Кубанскиот парламент ја одобри евтаназијата

Кубанскиот парламент ја одобри евтаназијата

 Хавана, 22 декември 2023 (МИА) - Куба денеска стана втората земја во Јужна Америка и Карибите која ја одобри евтаназијата.

Националното собрание на таа држава, по Колумбија, ја усвои мерката како дел од законот што ја формира правната рамка на нацијата за универзален и бесплатен здравствен систем.

„Правото на луѓето да умрат со достоинство е признаено во одлуките за крајот на животот, кои може да вклучуваат ограничување на терапевтскиот напор, континуирана или палијативна нега и валидни процедури со кои се завршува животот“, се вели во финалниот нацрт на законот. зш/

Остани поврзан