• петок, 27 декември 2024

КСС започна тридневна обука за безбедност и здравје при работа

КСС започна тридневна обука за безбедност и здравје при работа
Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) - Конфедерација на слободни синдикат на Македонија (КСС) заедно со Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР со поддршка од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, проект што го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, денеска започна тридневната обука – работилница за припадниците на Безбедност и здравје при работа – БЗР. Како што соопшти КСС, обуката ја водат експерти од областа на БЗР, дел од предавањата ќе ги води професорот Агим Шакири експерт во полето на БЗР и учесник во изготвување на првиот закон во Македонија за БЗР. Оваа работилница се одвива преку интернет платформата ZOOM во живо, каде што освен предавањата, предвидени се интерактивни активности преку прашалници и др. КСС наведува дека денеска се одржа првиот дел од обуката, каде што се зборуваше за безбедноста и здравјето при работа и превентивната култура, односно за тоа како треба да се заштитат вработените на работните места. -Исто така беше опфатена и темата за проценка на ризик на работното место што е една од најдобрите алатки да се утврди ризикот на работното место. Свои излагања имаа Милан Петковски, претседател на МЗЗПР како и Благоја Ралповски, претседател на КСС. На првиот дел од обуката учествуваа претставници од повеќе грански синдикати при Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, стои во соопштението на КСС. нд/дма/

Остани поврзан