• четврток, 26 декември 2024

КСС бара повлекување на Законот за административни службеници, по скратена постапка од собраниска седница

КСС бара повлекување на Законот за административни службеници, по скратена постапка од собраниска седница

Скопје, 22 февруари 2024

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес се обрати до Претседателот на Собранието, г-дин Јован Митрески, со барање за повлекување на точката за Законот за административни службеници, по скратена постапка од дневниот ред на 138-та седница закажана за денес и повика на разумност и соработка.

Имено во изминатиот период се обративме до сите пратенички групи со јасни забелешки околу предлог законот, кој што нема ништо европски, туку има само за цел работниците во јавниот сектор да останат покуси за усогласувањето на минималната палата во март, согласно Законот за минимална плата.

Одредбите од овој закон кои што би требало да важат сите од 01.01.2025 година, а само една одредба која што ја отстранува минималната плата од платата на вработените во јавниот секотор важи од СЕГА, јасно покажува дека во вакви тешки моменти со енормната инфлација и поскапувањата кои ги имаме е само АНТИРАБОТНИЧКИ, но никако не и Европски.

Предлагач на овој закон е Владата и претходниот Министер на Министерството за информатичко општество и администрација, а согласно Законот за работни односи, како закон од трудовата легислатива кој има круцијално значење за работниците, има обврска да помине на седница на Економско - социјалниот совет со заклучок, а воедно и да се отвори јавна дебата.

КСС го извести Претседателот на Собранието и сите пратенички групи дека доколку се инсистира и се донесе овој закон ќе бидат известени не само сите амбасади, туку и Европската комисија преку нашите конфедерации во кои членуваме, Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) и Светската конфедерација на синдикати (ИТУК) дека во Македонија драстично се кршат работничките права со злоупотреба на европското знаменце.

 

Конфедерација на слободни синдикати на Македонијa

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан