• среда, 25 декември 2024

Крстески: Нема потреба да се носи закон за оддалечување на обложувалниците од образовните институции

Крстески: Нема потреба да се носи закон за оддалечување на обложувалниците од образовните институции
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - Со Предлог законот за оддалечување на обложувалниците од образовните институции, преку ноќ ќе им се стави клуч на спортските обложувалници, а 10 илјади вработени ќе останат без работа, истакнаа вработени во обложувалниците денеска на прес-конференција пред Владата. -Законот во истиот момент без работа би оставил 10 илјади луѓе, тоа се само директно вработените во оваа индустрија веројатно тоа ќе повлече и лавина на останати субјекти со кои соработуваме зборуваме за околу 100 микро фирми чие производство исклучиво зави од нашето работење веројатно зборуваме за уште поголема бројка, целиот наш сектор не гледа никаква потреба од носење на ваков закон, дадено е растојание од 500 метри да нема кладилница да  нема казино во близина на училишта, верски објекти итн. Со 500  метри апсолутно имаме затворање на целата индустија не постои каков било објект во урбана средина во градско подрачје да е на помало растојание од 500 метри, тврди Стеван Крстески, претставник на вработените. Додаде дека не гледа никаква опасност, обложувалниците да се во близина на училишта. -Не гледам никаква опасност затоа што нас не ни се клиенти децата од основно училиште, нема тука никаква опасност на крај на краишта на секој објект пишува забране влез на лица под 18 години. Неколку пати е побарано да се разговара во формалните и во неформалните средби тоа ни е главниот адут за да докажеме колку е небулозно, нелогично вака конципираното законско решение, од наша страна беа доставени неколку точки кои би биле можеби подобрување на законот, не сме ние терористи, криминалци, па сега децата ќе ги штитие од нас, мислам дека и така имаме кревка економија со ова ќе ја доруинираат, бидејќи ние сме најголеми даночни обврзници, не правиме ние никаква штета на децата затоа што тоа е и веќе регулирано со закон и ние се придржуваме, малолетни деца не примаме во нашите објекти, изјави Крстески. Инаку, со новиот Предлог закон предложен од страна на Министерството за финансии, се  предвидува обложувалниците и казината да бидат 500 метри оддалечени од образовните институции, основните, средните училишта и факултетите. Министерство за финансии ја утврдило ваквата потреба бидејќи во постојниот закон воошто не е утврдена оддалеченоста од основни и средни училишта и високообразовни институции, на деловните простории во кои се одвиваат игрите на среќа.свс/лв/  

Остани поврзан