• недела, 28 јули 2024

Крстевски: Нема да биде лесно, но имаме квалитет да продолжиме во квалификациите

Крстевски: Нема да биде лесно, но имаме квалитет да продолжиме во квалификациите
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) – Крилниот центар на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Крстевски очекува тешки натпревари на претстојните претквалификации за Светското првенство. - Лесно сигурно нема да биде, никогаш ништо не е лесно. Сепак, имаме четири недели за подготовки, ќе одиме и во Маврово. Ова е комбиниран состав, имаме неколку млади кошаркари, неколку повозрасни и сметам дека ваквата комбинација може да донесе добар резултат во овие претквалификации. Ги знаеме противниците, игравме со нив во едни претквалификации, но сега нашиот состав е доста изменет. И покрај тоа, имаме квалитет да освоивме едно од првите две места и да продолжиме во квалификациите, изјави Крстевски. Противниците на „црвено-жолтите“ на турнирот во Скопје, планиран да се одржи во периодот од 12 до 18 август ќе бидат репрезентациите на Швајцарија и на Словачка. зс/

Остани поврзан