• сабота, 23 ноември 2024

Крос: Освојувањето на Европското би било совршен крај на мојата кариера

Крос: Освојувањето на Европското би било совршен крај на мојата кариера

Берлин, 14 јуни 2024 (МИА) - Германскиот играч за врска Тони Крос изјави дека освојувањето на Европското првенство во 2024 година ќе биде совршен крај на неговата кариера.

-Се разбира, освојувањето на Европското првенство ова лето би било совршен крај на мојата кариера. Но, јас сум реален и знам дека нема да биде лесно. Во исто време разбирам колку би било посебно да се победи пред нашите навивачи. Меѓутоа, за да се случи ова, треба многу нешта да се соберат. Фокусирани сме да го покажеме најдоброто од себе и тогаш ќе биде јасно каков успех ќе постигнеме, изјави Крос.

Воведниот натпревар на ЕП 2024 меѓу Германија и Шкотска ќе се одигра денеска на „Алијанц Арена“ во Минхен. Почнува во 21:00 часот.

Германската репрезентација ќе игра на Еврото во групата А. Покрај Шкотска, избраниците на Јулијан Нагелсман ќе се соочат со Унгарија (19 јуни) и Швајцарија (23 јуни). дс

Фото: Архива

Остани поврзан