• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Критичарот на Милорад Додик, Небојша Вукановиќ, предложен за нов министер за безбедност на БиХ

Критичарот на Милорад Додик, Небојша Вукановиќ, предложен за нов министер за безбедност на БиХ

Сараево, 18 март 2025 (МИА) - Најстрогиот критичар на лидерот на босанските Срби Милорад Додик и актуелниот пратеник во Парламентот на Република Српска, Небојша Вукановиќ, денеска е номиниран за нов министер за безбедност на БиХ.

Предлогот за именување на Вукановиќ беше потпишан во текот на денот и испратен до претседателката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, од претседателите на петте пратенички групи во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ.

„Со оглед на безбедносната ситуација во земјата, ние веруваме дека нема простор за одложување и се надевам дека Кришто ќе го препознае тоа“, изјави претседателот на клубот на СДП БиХ, Саша Магазиновиќ. 

Предлогот дојде откако Горан Селак, член на партијата која е коалициски партнер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), предводена од Милорад Додик, ја повлече својата кандидатура за оваа функција.

Селак го предложи Кришто за министер, но тој се повлече откако партиите од бошњачко-граѓанскиот блок во владејачката коалиција на ниво на БиХ порачаа дека нивните претставници нема да гласаат за него кога ќе се реши прашањето во парламентот.

Магазиновиќ во вторникот истакна дека ниту еден кандидат предложен од Додик нема да добие поддршка за да извршува некоја функција.

Местото министер за безбедност на БиХ е испразнето откако Ненад Нешиќ беше разрешен во јануари, откако претходно беше уапсен под сомнение за корупција. паг/

Фото: Фејсбук

 

 


 
 
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан