• среда, 25 декември 2024

Крис Павловски му понуди работа на Џо Роган

Крис Павловски му понуди работа на Џо Роган
Торонто, 8 февруари 2022 (МИА) - Крис Павловски, сопственикот на видеоплатформата „Рамбл“ му понуди 100 милиони долари на интернет-водителот Џо Роган за да го напушти „Спотифај“ и да се префрли на неговиот сервис. Павловски, инаку бизнисмен со македонско потекло, кој живее во Торонто, Онтарио, Канада, ја објави понудата на Твитер. Тоа уследи по отвореното писмо на извршниот директор на „Спотифај“, Даниел Ек, во неделата, во коешто се извинува за употребите на расна навреда од страна на Роган во постарите епизоди на неговата интернет-емисија. „Спотифај“ инаку соопшти дека Роган потпишал повеќегодишен договор со компанијата во септември 2020 година. Не се знае дали водителот ќе може да го промени своето работно место наскоро.  си/

Остани поврзан