• сабота, 23 ноември 2024

Кристијан Карапалевски го извади осветениот крст од водите на Преспанско Езеро

Кристијан Карапалевски го извади осветениот крст од водите на Преспанско Езеро

Ресен, 19 јануари 2024 (МИА) - Кристијан Карапалевски од преспанското село Дрмени го извади осветениот крст од водите на Преспанско Езеро.

На традиционалната манифестација што се одржа во туристичката населба Отешево, младиот Карапалевски беше најсреќен од дури 71 учесник кои влегоа во осветените води на Преспанско Езеро.

Честитајќи го успехот, градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на Карапалевски му додели ваучер, а пригодни награди доделија и поддржувачите на манифестацијата „Водици 2024“.мт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан