• среда, 25 декември 2024

Кристијано е подготвен за игра

Кристијано е подготвен за игра
Стокхолм, 8 септември 2020 (МИА) - Суперѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо, најверојатно ќе биде дел од неговиот тим за вечерашниот дуел со Шведска во групата 3 од А дивизијата во Лигата на нации. Триесет и пет годишниот напаѓач го пропушти саботниот натпревар со Хрватска поради инфекција на ногата. Инфекцијата заврши и ЦР7 е подготвен за игра. Во неделата тренираше околу 30 минути, а во понеделникот веќе работеше на исто ниво со соиграчите. Можно е Роналдо да биде меѓу стартерите вечерва, а можно е и тој да се појави по паузата. Ова ќе биде прв официјален натпревар на Роналдо оваа сезона. Офанзивното трио на „морнарите“ се очекува да биде составено од Роналдо, Жоао Феликс и Бернардо Силва.

Остани поврзан