• недела, 24 ноември 2024

Кристина Еплгејт со поддршка до својот „имунокомпромитиран соборец“ Селена Гомез

Кристина Еплгејт со поддршка до својот „имунокомпромитиран соборец“ Селена Гомез

Лос Анџелес, 9 ноември 2022 (МИА) - Кристина Еплгејт ја сподели својата поддршка и љубов со својот „соборец“, истотака „имунокомпромитираната“ славна личност, Селена Гомез.

„За @selenagomez , го гледам твојот документарец. Од една имунокомпромитирана до друга. Тука сум ХО (бакнеж и прегратка, з.п.)“, напиша Еплгејт на Твитер. Во новиот документарец на „Епл ТВ плус“, Гомез, која е на самиот почеток од четвртото десетлетие од својот живот, говори за психичкото здравје, лупусот и нејзините подеми и падови последниве шест години од нејзиниот живот. На 20 години повозрасната Еплгејт ѝ беше дијагностицирана мултиплекс-склероза (МС) во 2021 година. „МС и лулусот се бебиња од две мајки и татко кој има чуден камион“, се пошегува Еплгејт. - „ХО. Браво за тебе, дете, што си го отвори животот за оние на кои им треба будност“. - Некако сум исплашена. Многу луѓе ќе ја видат целата друга страна од мене и си велам „Се надевам дека ќе им се допаѓа“, изјави Гомез во претходна емисија. Имено, и МС и лупусот го оставаат човекот со ослабен имунолошки систем, што ги прави исклучително подложни на зарази. Во документарецот за Гомез, режиран од Алек Кешишијан, поп-ѕвездата / глумица отворено зборува за нејзините физички и внатрешни борби.  си/сд/

Остани поврзан