• четврток, 26 декември 2024

Кристина Еплгејт оди в пензија поради болеста

Кристина Еплгејт оди в пензија поради болеста

Лос Анџелес, 14 ноември 2022 (МИА)Американската глумица Кристина Еплгејт, поради болеста ќе мора да ѝ стави крај на филмската кариера. Имено, во интервју за „Варајети“ (Variety), таа откри дека нејзината главна улога во серијата на Нетфликс - „Мртви за мене“ (Dead to Me) би можела да биде нејзино последно појавување на малите, и на големиот екран, поради засилената битка што ја води со МС (мултиплекс-склероза).

- Џен Хардинг веројатно ќе биде последниот лик што го глумам. Со мојата болест, не знам за што веќе сум способна. Но, ова беше дар!, изјави Еплгејт, на која на почетокот на минатата година ѝ беше дијагностицирана МС. Глумицата, која е на прагот на шестото десетлетие од својот живот, вели и дека работата на серијата ѝ помогнала да сфати колку всушност е способна за работа - дефинитивно не може веќе да работи 18 часа на ден. Еплгејт првпат проговори за нејзините здравствени проблеми лани во август, објавувајќи на Твитер дека тоа било „чудно патешествие и тежок пат“. На почетокот на месецов, пак, таа проговори и за некои од компликациите и последиците на МС, како тоа дека наеднаш „се здебелила“ речиси 20 килограми и оти е „лута“ што ќе мора да оди со бастун.  си/

Остани поврзан