• четврток, 26 декември 2024

Кристина Агилера: Си ги сакам новите облини

Кристина Агилера: Си ги сакам новите облини

Лос Анџелес, 3 јануари 2024 (МИА) - Кристина Агилера неодамна се пофали со својата фигура откако ослабела 20 килограми, па за „Хелт“ (Health) открива како го постигнала тоа. Нејзината „тајна“, вели, е здрава, урамнотежена исхрана, редовно вежбање и секако - посветеноста на сето тоа.

 

Имено, американската пејачка, која се движи кон средината на петтото десетлетие од својот живот, по првиот од низата предвидени настапи во Лас Вегас ја заскокотка љубопитноста на обожавателите. Како што пишува списанието, поп-ѕвездата „мрази да биде супер-слаба“, ги прифатила и „си ги засакала новите облини“, па сега се стреми да одржува витка и силна става со облини.

Кога во 2008 година го родила синот Макс, кој сега има 15 години, таа беше предмет на бројни негативни коментари поради нејзината поголема тежина. Потоа почнала да слабее, но нејзината тежина повторно „варирала“...

А, пак, нејзината т.н. „Виножито“ диета подразбирала дневен внес на 1.600 калории и исхрана богата со овошје и зеленчук „во светли бои“. Во меѓувреме, таа се откажала од строгата диета и напомена дека наместо „да биде толку строга“ кон себеси, сега се труди да конзумира повеќе интегрална храна и помалку слатки работи.  си/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан