• недела, 24 ноември 2024

Кризниот Штаб на Куманово бара од Владата општествено одговорна работа, наместо 20 евра казна за неносење заштитна опрема

Кризниот Штаб на Куманово бара од Владата општествено одговорна работа, наместо 20 евра казна за неносење заштитна опрема

Куманово, 28 април 2020 (МИА)Кризниот штаб Куманово бара од Владата да ја измени уредбата и наместо казни од 20 евра за неносење заштитна опрема, граѓаните да извршуваат општествено одговорна работа. Штабот донел одлука да се овозможи одржување концерти на јавен простор за време на полицискиот час на групи кои ќе ги поднесат барање и ќе ги почитуваат препораките за заштита. Ова се  заклучоците на штабот од денешната 39-та седница.

- ОШЗС Куманово бара од Владата на РСМ да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено и истата да ја замени со опомена и содветна казна со општествено корисна работа, се вели во соопштението од штабот.

Штабот донел одлука да се дозволи организирање и одржување концерти на отворен простор, градски плоштад и плато на НУЏК „Трајко Прокопиев“ за време на траење на полициски час. 

-ОШЗС Куманово донесе одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК „Трајко Прокопиев“ за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово- се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека тековно се спроведуваат активностите на вклучените субјекти во штабот. ам/ац/

Остани поврзан