• среда, 25 декември 2024

Кризниот штаб на Општина Охрид најави засилен ангажман на луѓе и механизација за справување со пожарите

Кризниот штаб на Општина Охрид најави засилен ангажман на луѓе и механизација за справување со пожарите

Охрид, 2 август 2024 (МИА) – Во врска со кризната состојба настаната поради пожарите вечерва состанок во проширен состав одржа Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид, при што беше презентирана состојбата со активните пожари на територијата на Општината.

Според информациите, во текот на денешниот ден било интервенирано на терен со екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, на ЈП „Национални шуми“, од Центарот за управување со кризи, од Дирекцијата за заштита и спасување, како и волонтери кои се пријавиле да помогнат со гасењето на пожарите. 
Неколку часа попладнето на терен дејствуваа и и три ер-трактори кои неколку часа истураа вода над пожарите.

На состанокот е најавено дека во текот на утрешниот ден дополнително ќе бидат вклучени и општинските јавни препријатија со луѓе, механизација и логистика, кои заедно со сите останати институции во организирана акција ќе се пристапи кон справување со пожарите.

„И за утрешниот ден согласно потребите се ставени на располагање авионите за гасење пожар“, информираат од Општина Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати апел до сите лица кои се чувствуваат подготвени да помогнат во справувањето со огнената стихија утре изутрина во 4:30 часот соодветно опремени да бидат во кругот на Територијалната противпожарна едница во Охрид, од каде координирано ќе се упатат кон критичните точки за гасење на пожарите.

Инаку, се работи за пожар северно од Охрид, во близина на селата Опеница и Куратица, при што гори површина на тешко пристапен терен, а гасењето дополнително го отежнуваат околностите односно временските прилики со високи температури и засилен ветар што го поттикнуваат ширењето на пламенот. аб/вг

фото/МИА 

 

Остани поврзан