• среда, 27 ноември 2024

Кризен штаб Куманово ќе понуди механизација на водостопанство за расчистување на речните корита

Кризен штаб Куманово ќе понуди механизација на водостопанство за расчистување на речните корита
Куманово, 12 јануари 2021 (МИА) - Кризниот штаб Куманово ќе испрати механизација како поддршка на Водостопанство „Кумановско липковско поле“, доколку имаат потреба од ангажирање и достават барање до општината. Воедно, кризниот штаб ќе формира тричлена комисија која ќе ги утврдува причините за излевање на реките од речните корита, соопштија денеска од општинскиот кризен штаб кој ја одржа 60-тата седница. - Со оглед на прелевањето на речните корита на реките Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и река Пчиња во делот на село Пчиња, ОШЗС излезе со препорака до АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле“, доколку имаат потреба од ангажирање на дополнителна механизација да достават Барање до Општина Куманово. Потребно е ОШЗС да формира три члена комисија за утврдување на причините за излевање на реките од речните корита-соопштија од штабот.
Даниел Стојчевски, член на штабот и претставник од Општина Куманово, на денешната прес-конференција посочи дека ќе понудат и помош во механизација, доколку општина Старо Нагоричане побара за санирање на последиците од излевањето на Пчиња кај Меморијалниот центар АСНОМ. Тој рече дека е формирана комисија за проценка на штети на жителите од селата каде што имаше излевање на Крива река и Пчиња.
Од штабот уште еднаш апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид 19.ам/ар/

Остани поврзан