• среда, 25 декември 2024

Кривопаланечките прволигашки подобри од Стружанки во првиот плејоф меч

Кривопаланечките прволигашки подобри од Стружанки во првиот плејоф меч
Крива Паланка, 16 април 2022 (МИА) - Женскиот прволигашки тим на Кошаркарски клуб „Крива Паланка“ оствари предност во разигрувањето од плејофот против екипата на ЖКК „Струга 2009“", победувајќи во првиот дуел што се одигра вечерва во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка. Натпреварот заврши со резултат 84 - 66, победа за домашниот состав во кој најефикасна беше Србинката Марта Вуловиќ, на центарската позиција, со 39 поени и 23 скока - Сѐ уште сме во состојба на внимателност, оваа победа е само почеток на она што го имаме поставено како цел, победа во доигрувањата со „Струга 2009“, кадешто тренер е искусниот, почитуваниот стратег, Владимир Ѓоровиќ . Горд сум на моите кошаркарки, на целиот тим, кој покажа карактер, но имаше осцилации во играта, така што победата не смее да не залаже, бидејќи веќе на средина на наредната седмица не очекува следниот дуел, со истата, многу искусна екипа. За нас сезоната мислам дека штотуку започнува, зашто дури сега започнуваат најважните натпревари за кои се боревме и напорно работевме целата сезона, изјави тренерот на КК Крива Паланка, Мирослав Ивановски. Следниот натпревар КК „Крива Паланка“ го игра во Струга, веќе во среда, а овие дуели ќе се разрешат со две остварени победи. Одговорните од Кошаркарски клуб „Крива Паланка“ упатија благодарност за поддршката до публиката, до локалните власти и до главниот поддржувач, „СЕМОС Едукација“, Скопје и кривопаланчанката, иницијатор за поддршка на женската кошарка во градот, Валентина Тасева. Екипата на кошаркарски клуб „Крива Паланка“ важи за една од најмладите во Прволигашката конкуренција. ид/аа/  

Остани поврзан