• сабота, 27 јули 2024

Кривопаланечките кошаркарки остварија значајна победа во Суперлигата против ЖКК Работнички

Кривопаланечките кошаркарки остварија значајна победа во Суперлигата против ЖКК Работнички

Крива Паланка, 25 април 2021 (МИА) - Прволигашкиот тим на КК Крива Паланка оствари убедлива победа  70:42 на гостински терен против екипата на ЖКК Работнички во натпреварот од четвртото коло од женската Супер лига.

Кривопаланечанки беа многу подобар ривал и на две кола до крајот на Суперлигата останаа во игра за позицијата број 4, последната која води во доигрувањето за титулата за сезоната 2020/21.

По 16 одиграни кола, ЖКК Работнички има скор од 10 победи и шест порази, додека КК Крива Паланка е на чекор зад тој резултат, има девет победи и седум порази.

Во последните две кола екипата од Скопје има гостување во Каменица, кај Баскет КАМ и дуел на домашен терен против екипата на Вардар.

Од друга страна пак екипата од Крива Паланка во следниот круг од натпреварите на домашен терен го дочекува лидерот Бадел 1862,  додека во последното коло гостува кај Струга 2009. ид/зс/

Остани поврзан