• понеделник, 06 јануари 2025

Кривопаланечкиот градоначалник го посети првото новороденче 

Кривопаланечкиот градоначалник го посети првото новороденче 

Крива Паланка, 5 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митковски и претседателката на Советот, Изабела Павловска, денеска го посетија првото новороденче во оваа општина посакувајќи им здравје и долговечност на првиот жител на општината во новата година.

- Со најубави желби и подароци од општината, денес градоначалникот и претседателката на Советот го посетија првото новороденче годинава, малиот Игнатиј, прва рожба во семејството на младите Марија и Младен Стојановски. Упатија честитки за приновата, посакаа здравје, среќа и долговечност на момчето, со желби за изобилство и многу убавини во животот на целото семејство.Општина Крива Паланка доделува еднократен паричен надомест за секое новороденче, жител на општината, во износ од 6.000 денари, информираат од Службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Еднократен надомест за секое новороденче, жител на Крива Паланка, беше воведена како мерка за поддршка на младите брачни парови во 2022 година и изнесуваше 3.000 денари. Минатата година, оваа сума беше зголемена на 5.000 денари, додека од оваа буџетска 2025 година, мерката се зголемува на 6.000 денари.ид/фф/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан