• четврток, 26 декември 2024

Кривокапиќ: УРА не смее да биде тасот на вагата, владата да се формира со коалицијата ЗБЦГ и малцинските партии

Кривокапиќ: УРА не смее да биде тасот на вагата, владата да се формира со коалицијата ЗБЦГ и малцинските партии

Подгорица, 12 јуни 2023 (МИА) - Поранешниот црногорски премиер Здравко Кривокапиќ посочува дека по овие избори Црна Гора доживеала драстични промени, изразувајќи надеж дека тоа е за доброто на граѓаните. Тој очекува многу брзо да биде формирана новата 44. Влада во која покрај Движењето Европа сега сега ги гледа и сојузот „Заедно за иднината на Црна Гора“ (ЗБЦГ) и малцинските партии и тврди дека во никој случај не треба да се дозволи УРА повторно да биде „тас на вагата, затоа што тоа до сега се покажало како многу лошо“.

Кривокапиќ, кој гостуваше во емисијата „Линк“ на Радио Црна Гора, рече дека факт е дека една вонпарламентарна партија постигнала големи резултати. Ќе имаше и до 30 отсто поддршка од граѓаните, но одѕивот беше слаб благодарение на, како што вели, некоректното лансирање на скандалот непосредно пред изборите насочен кон претседателот на партијата Милојко Спајиќ.

-Премиерот Дритан Абазовиќ со тој потег влијаеше излезноста да не надмине 60 проценти што ја имавме на претходните избори, но тоа му беше и целта. Ова му даде замаец на ДПС и треба да бараме врска меѓу УРА и ДПС, смета Кривокапиќ.

Како што рече, Абазовиќ само се обидувал „да ја задржи фотелјата“ и очекува дека ќе продолжи да го прави тоа се додека може и дека на секој начин ќе го одолговлекува процесот на формирање нова влада.

-Владата мора да се формира и политичките партии да ги надминат личните и партиските интереси. УРА не треба да биде тасот на вагата, бидејќи досега ова се покажа многу лошо за земјата, вели Кривокапиќ. мс/сд/

фото: Архива

 

 

Остани поврзан