• среда, 25 декември 2024

Кривокапиќ: Изјавата на Ѓукановиќ укажува кој е инспиратор на тензиите во Црна Гора

Кривокапиќ: Изјавата на Ѓукановиќ укажува кој е инспиратор на тензиите во Црна Гора
Подгорица, 28 август 2021 (МИА) - Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска истакна дека изјавата на претседателот Мило Ѓукановиќ за устоличувањето на митрополитот на црногорско-приморската Српска православна црква, Јаоникиј целосно го разоткри инспираторот и иницијаторот на тензиите во земјата. - Ѓукановиќ треба да престане да провоцира и да подгрева судири, поделби и тензии, и сето тоа, очигледно со цел да спречи или да ја стави во втор план борбата против организираниот криминал, која од ден на ден напредува, посочи Кривокапиќ. Тој додаде дека Митрополијата на црногорско-приморската СПЦ има апсолутно право да го устоличи Јоаникиј во Цетинскиот манастир, додавајќи оти државата ги обезбедила сите неопходни услови Српската православна црква има уставно загарантирано право да устоличува во Цетиње. Ѓукановиќ денеска апелираше да не се инсистира на устоличување на митрополитот Јоаникиј во Цетинскиот манастир, туку церемонијата да се одржи во друг храм. Устоличувањето на митрополитот Јоаникиј е закажано за 5 септември во Цетиње, на што се противат многу црногорски граѓани и опозицијата. Противниците на устоличувањето во Цетинскиот манастир наведуваат дека тоа би било „окупаторски чин врз црногорската духовна, државна и национална независност и слобода“. ми/

Остани поврзан