• недела, 24 ноември 2024

Кривичнa пријавa за двајца измамници

Кривичнa пријавa за двајца измамници

Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје и Р.З.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела „измама“.

Како што информира МВР, двајцата се сомничат дека самостојно или заедно, во периодот од февруари до мај годинава измамиле седум лица од Тетово, тетовските села Мала Речица, Желино, Долно Палчиште, Пирок, Шипковица и скопско Бојане.

Во овој период, најчесто телефонски Б.А. им се јавувал на оштетените и им нарачувал мебел, им продавал старо железо, им нудел занаетчиски услуги, барал од нив да купи технички производи, барал пари за лекување на болни лица и друго.

Првопријавениот, потоа го ангажирал Р.З. да ја преземе наплатата на паричните средства, исто така, пласирајќи им на оштетените различни приказни. сст/

 

Остани поврзан