• петок, 27 декември 2024

Кривични пријави против двајца тетовци за вршење на јавен превоз без поседување на лиценца

Кривични пријави против двајца тетовци за вршење на јавен превоз без поседување на лиценца
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - СВР Тетово поднела кривични пријави против И.М. (61) и Н.Х. (59) од Тетово за вршење на јавен превоз без поседување на лиценца. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 септември 2022 на регионалниот пат Тетово-Јажинце, на место викано „Непроштенска Јурија“, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во возило комбе „фиат транзит“ со со тетовски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.
Како што се наведува во полпладневниот билтен на МВР, во вториот случај, на 13.09.2022 на регионалниот пат Брвеница-Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во минибус „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од пријавениот Н.Х., при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца. фф/сп/

Остани поврзан