• петок, 27 декември 2024

Кривични пријави за загрозување на животната средина и природата со отпад

Кривични пријави за загрозување на животната средина и природата со отпад
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица вчера извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, каде се врши откуп на секундарни суровини. Притоа на четири локации во Струмица биле констатирани нерегистрирани откупни пунктови, кои вршат таква дејност. По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик. цр/ац/

Остани поврзан