• среда, 25 декември 2024

Кривичниот суд ги одби жалбите на правните лица за замрзнатиот имот во случајот „Империја“

Кривичниот суд ги одби жалбите на правните лица за замрзнатиот имот во случајот „Империја“
Скопје, 21 април 2022 (МИА) - Кривичниот суд ги одби како неосновани жалбите на правните лица „Дивелоп груп“ ДОО Скопје и „Бест Вејт Инвестмент“ ДООЕЛ Скопје против шест решенија на судии на претходна постапка, а поврзани со истрагата на ОЈО ГОКК за предметот познат како „Империја“. Како што информира од Судот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција вчера одржал седница на која по извршен увид во списите и ценејќи ги фактите приложени во жалбите, донесе решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост. - Во текот на изминатата недела, судиите од Одделот на претходна постапка, постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител, донесоа решенија со кои се изречени мерки - одземање на имот заради обезбедување поради постоење основано сомнение дека потекнува од кривично дело, како и забрана на правните лица за располагање со удел во правно лице и отуѓување на имот кој се запленува во корист на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Кривичниот суд. ар/сп/

Остани поврзан