• сабота, 28 декември 2024

Кривична против битолчанец за закани со пиштол кон поранешна девојка и нејзината мајка

Кривична против битолчанец за закани со пиштол кон поранешна девојка и нејзината мајка

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Од Министерството за внатрешни работи попладнево соопштија дека поднесена е кривична пријава против битолчанец за закани со пиштол кон поранешна девојка и нејзината мајка.

- ОВР - Кичево поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.К., поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, се наведува во соопштението.

На 31 јули во домот на неговата поранешна девојка, пријавениот упатувал закани со пиштол кон неа и нејзината мајка.

- Од извршен преглед кај него, бил пронајден и одземен пиштол ЦЗ 7.65 со празна рамка, додека во возилото што го управувал, била пронајдена и одземена кутија со куршуми калибар 7.65мм, пишува во соопштението на МВР. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан