• сабота, 27 јули 2024

Кривична пријава против четири лица од Радовиш

Кривична пријава против четири лица од Радовиш

Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.К.(65), К.С.(66), Р.С.(53) и С.П.(37), сите од Радовиш, поради постоење на сомнение дека Г.К., К.С. и Р.С сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот закон, а С.П. поради тоа што со своето стручно знаење им помогнал, со што и самиот сторил кривично дело по член 24, а во врска со член 275-в став 3 од Кривичниот закон.

Како што информираат од МВР, осомничените Г.К., К.С. и Р.С., како вработени во Општина Радовиш во 2020 година презеле дејствија во рамки на нивните надлежности, по што бил склучен договор базиран на невистинита документација за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Радовиш, преку воведување мерки за енергетска ефикасност, а С.П., како надворешно лице, со стручни совети им помогнал во манипулирање на податоците во физибилити студијата, изготвена за тој договор. Врз основа на вака склучениот договор Општина Радовиш е обврзана за осум години да исплати сума во износ од 104.667.215 денари (без ДДВ). дма/сст/

 

Остани поврзан