• недела, 01 септември 2024

Кривична пријава против тетовец за постирање фотографии на Инстаграм со експлицитна содржина од женско лице

Кривична пријава против тетовец за постирање фотографии на Инстаграм со експлицитна содржина од женско лице
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против тетовец заради постирање фотографии со експлицитна содржина од женско лице, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. - СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.И.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 02.09.2021,  пријавениот на социјалната мрежа „Инстаграм“ постирал фотографии со експлицитна содржина од женско лице, кое претходно му ги испратило фотографиите во пораки, се наведува во соопштението на МВР.фф/са/

Остани поврзан